Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Владата денеска треба да пресече – дали ќе даде „амин“ за предлог мерките на Комисијата за заразни болести кои вклучуваат задолжителна вакцинација за здравствените работници и приложување на сертификат или негативен корона тест за влез на работа во државните институции. Седницата е закажана за попладнево, потврдуваат за Канал 5 владини претставници. Дополнително, освен за тоа како сето ова ќе се контролира, министрите ќе дискутираат и за тоа дали ќе ги прифатат барањата на дел од Синдикатите кои ги поддржаа мерките, но не сакаат да се удри по џебот на работниците и сметаат дека за вакцина треба да има и 2 слободни дена.

Дел од лекарите кои веруваат дека вакцината е спас од пандемијата сметаат дека ваквите мерки и да се донесат не можат да се имплементираат. Според Д-р Илчо Ефкоски, специјалист по трудова медицина за да се спроведе задолжителност мора да се сменат законите и конвенциите.

Според микробиологот Проф. Д-р Никола Пановски овие мерки се вид на кампања за вакцинација кои настапува откако изостана едукативната, а тврди дека со нив не може спречи нов евентуален пик во декември. Тој предлага прво да се затворат училиштата и ноќните клубови.

Здравствените власти велат дека мора да се носат непопуларни мерки зошто само така би се зголемил опфатот на вакцинација кој засега е низок и изнесува 47% од полнолетното население, а 38% од целокупната популација.

извор/фото: агенции