Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Ахмед Насер ал Раиси од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е избран за претседател на Меѓународната полициска организација (Интерпол), пренесува Агенција Анадолија (АА).

На третиот ден од 89. Генерално собрание на Интерпол што се одржа во Конгресниот центар „Халич“, започна изборот на новиот претседател и членовите на Извршниот одбор.

По гласањето, за нов претседател на Интерпол е избран Ахмед Насер ал Раиси од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

Во изјавата дадена на официјалниот твитер-профил на Интерпол е истакнато дека Ал Раиси ќе продолжи да ја извршува функцијата претседател четири години.

извор: Агенција Анадолија (АА).