Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Пејачот Мишо Ковач повторно е итно хоспитализиран, а моментално е на пулмолошкиот оддел. Пред два дена имал висока температура, но дури вчера дошла брза помош да го земе во Строжанац, каде моментално живее со сопругата Лидија во стан под кирија, јавува „Слоодна Далмација“.

Лекарите се сомневаат дека е почеток на пневмонија. Мишо бил тестиран и за коронавирус, а наодите покажале дека и Лидија и тој биле негативни.

Не можам да зборувам, не ми е добро – кратко изјавила неговата сопруга Лидија.

Мишо на крајот на октомври заврши во болница, но по неколку дена лекарите решија да го пуштат на домашно лекување и дополнителни прегледи кои што биле неопходни за да се уверат во неговата здравствена состојба.