Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Големите снежни врнежи во некои делови на Словенија го отежнаа сообраќајот, а сите зимски служби и пожарникарите имаа полни раце работа. Најтешко е во општините Солчава, Велење, Војник, Крањ, Подвелка, Равне, Жалец и Марибор.

Како што се наведува, до надлежните служби биле пријавени 17 инциденти, а покрај професионални противпожарни единици, ангажирани се и 11 доброволци. Најголем дел од работата се однесуваше на отстранување на дрвјата кои паѓаа под тежината на снегот и ги блокираа патиштата.

Во Савињскиот регион наврнаа 40 сантиметри снег, додека на планините се измерени повеќе од половина метар снег.