Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Украина пријави „масивни хакерски напади“ на владини веб-страници, објави новинската агенција AFP.

Веста ја потврди министерот за образование, кој на Facebook напиша дека веб-страницата на министерството е турната во масовен сајбер напад.

Турнати се страниците на Министерството за одбрана, Министерството за образование, Министерството за енергетика и Министерството за надворешни работи. Хакирана е и веб-страницата на државната Служба за итни случаи.

Некои од страниците се недостапни, а на страниците на Министерството за надворешни работи се појави текст на руски, полски и украински јазик. „Украинци! Сите информации за вас ќе станат јавни. Плашете се и очекувајте го најлошото“, стои во пораката над која е вкрстено украинското знаме.

Тензиите меѓу Украина и Русија се на врвот, поради што целиот свет е во состојба на готовност. Русија во неколку наврати беше предупредена дека ќе претрпи сериозни последици доколку нападне која било територија на Украина, додека официјална Москва ги отфрла сите обвинувања против неа, тврдејќи дека НАТО одамна ги прекршил сите договори со тоа што се проширил до руските граници.

Од друга страна, реално е да се очекува официјална Москва да се обвини себеси за овој хакерски напад, прво поради тензијата со Киев, но и поради „историјата“ на обвинувања против Русија за извршување на хакерски напади. Да потсетиме, во САД беше спроведена долгорочна истрага за мешањето на Русија во претседателските избори на кои победи Доналд Трамп.

Утринава портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олех Николенко, потврди дека се оди во таа насока.Тој за украинските медиуми изјави дека е рано да се носат заклучоци, но дека „евидентирана е долга листа на руски напади врз Украина во минатото“.