Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Официјални лица на Даунинг стрит, седиштето на премиерот Борис Џонсон, одржале две прослави за да испратат двајца службеници со алкохол и гласна музика, пренесуваат британските медиуми.

Тоа се случило ноќта пред погребот на принцот Филип во април минатата година, додека на сила била забраната за собирање, пренесоа британските медиуми.

Очевидци изјавиле дека на овие две забави во различни делови на Даунинг стрит учествувале околу 30 луѓе, кои потоа се собрале заедно во градината.

Премиерот Борис Џонсон не беше таму таа вечер, додаваат медиумите.

Во април месец, минатата година, Англија беше во втората фаза од постепеното олеснување на ковид-мерките и на шест лица или две семејства им беше дозволено да се соберат на отворено.

Наводите претставуваат дополнителен притисок врз премиерот Џонсон, кој се соочува со повици да поднесе оставка откако неодамна призна дека и самиот учествувал на забава на Даунинг стрит во мај 2020 година, првиот период на затворање поради коронавирусот во Лондон, пишува Гардијан.

Заменик-лидерот на лабуристите, Енџел Рејнер, напиша на Твитер дека нема зборови за култура и однесувањето на Даунинг стрит 10.

Лидерот на либералдемократите Ед Дејви потсетува дека кралицата седела сама во тагување за загубата на нејзиниот сопруг, во капелата, почитувајќи ги мерките за социјална дистанца.

„Не затоа што таа е кралица туку затоа што е само уште една личност која е сама во тагата како и многу други. Додека таа тагуваше, Даунинг стрит 10 се забавуваше. Џонсон мора да си оди, напиша тој на Твитер.

извор/фото: агенции