Адреса

Карпош Војвода Бр. 33 Охрид

Контакт

Министерката за образование во заминување, Мила Царовска, денеска објави „силен крик“ за успесите што ги постигна во реформите во образованието во Македонија.

– За овој тим само небото е лимит. Покажавме дека државата може подобро, објави Царовска на Фејсбук.

Пред објавата има симбол стисната тупаница и фотогарафии од тимот што го велича Царовска.

Таа веќе нема да биде „госпоѓа министерка“ во новата Влада, а граѓаните ќе го паметат нејзиниот мандат по многу револт што беше предизвикан кај голем број од нив, особено на тие што имаат деца во реформираното образование.