Повторно зголемени цените на нафтата

0
382

Цените на нафтата денеска пораснаа за три долари, при што Брент надмина 110 долари за барел, бидејќи земјите од Европската унија размислуваат да се приклучат на американското ембарго за увоз на руска нафта, а нападот врз саудиските нафтени погони во текот на викендот предизвика нервоза на пазарот.

Европската сурова нафта брент поскапе за 3,44 долари или 3,2 отсто, на 111,37 долари за барел во азиската трговија до 4:43 часот по средноевропско време, додека американската сурова нафта WTI поскапе за 3,54 долари или 3, 4 отсто, на 108,24 долари за барел, пренесува Ројтерс.

Инаку Русија извезува меѓу 4 и 5 милиони барели нафта дневно, од кои околу половина оди во Европа, што ја прави најголем извозник на нафта во светот по Саудиска Арабија. Затоа, трговците стравуваат дека прекините во испораките од Русија дополнително ќе го зголемат јазот помеѓу слабата понуда и растечката побарувачка.

Соединетите Американски Држави неодамна воведоа ембарго на руската нафта, но европските земји не се приклучија.