Кина: Патнички авион се запали при полетување

0
179

Патнички авион се запали при полетување во Чонгкин, во западниот дел на Кина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите на Централната кинеска телевизија (CCTV), пожарот избил на летот „Тибетан Ерлајнс“ на летот Чонгкин-Нјингчи, додека полетувал од меѓународниот аеродром „Џијангбеј“.

Евакуирани се 113 патници и девет членови на посадата, а над 40 патници со полесни повреди се префрлени во болница.

Патничките и карго летовите на аеродромот се нормализирани откако пожарникарите го изгасија пожарот. Причината за несреќата се истражува.

Авионот „Чајна истернс“ се сруши на 21 март среде лет, при што загинаа 132 лица од авионот.

извор: Агенција Анадолија (АА).