Шест лица загинати во несреќата во хемиската фабрика во Словенија

0
324

Бројот на загинатите во несреќата што вчераутро се случи во хемиската фабрика во Кочевје, Словенија, се зголеми на шест, откако синоќа во љубљанскиот клинички центар почина еден од двајцата работници кои се здобија со тешки изгореници во експлозија и пожарот потврди директорот, Сречко Стефаниќ, јавуваат медиумите во регионот.

Се очекува денеска полицијата да излезе со првите резултати од истрагата за несреќата, но од компанијата проценуваат дека настанала поради човечка грешка.

макфакс