Милијардерот Илон Маск објави дека преземањето на Twitter е привремено запрено

0
283

Милијардерот Илон Маск соопшти дека неговото преземање на Twitter е привремено запрено.

„Договорот околу преземањето на Twitter привремено е запрено за да видиме дали лажните профили се навистина помалку од 5%“, објави Маск.

За потсетување, Маск најави дека ќе ја купи социјалната мрежа за 44 милијарди долари. Од Twitter тогаш објавија:

„Twitter потврдува дека е постигнат дефинитивен договор за купопродажба. Компанијата во целост ќе го аквизира ентитетот во сопственост на Илон Маск за 54.20 долари по акција. Трансакцијата се проценува на околу 44 милијарди долари. По довршувањето на трансакцијата, Twitter ќе стане приватна компанија“.

„Акционерите на Twitter, во склад со постигнатиот договор, ќе добијат 52.20 долари за секоја акција што Twitter ја поседува во моментот на договорената трансакција. Куповната цена е 38% поголема од цената на берзата на акциите на Twitter на 1 април 2022, последниот ден со тргување со акциите пред господин Маск да објави дека купел удел од 9% на Twitter, додадоа оттаму.

Маск ќе стане сопственик на платформата што ја смета за „јавно дигитално место на кое ќе се расправа за витално важни содржини за човештвото“.

„Слободата на говорот е темел на демократијата“, изјави Маск.