САД: Во пукање во супермаркет во Њујорк убиени најмалку 10 лица

0
489

Вооружен маж отвори оган во супермаркет во градот Бафало во американската сојузна држава Њујорк вчера попладне, убивајќи неколку лица, наведоа американските медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Масовното пукање се случило во супермаркетот „Топс маркети“ на авенијата Џеферсон, соопшти полициската управа на Бафало.

„Полицијата наведе дека неколку лица се повредени во пукањето. Напаѓачот е во притвор. Се повикуваат возачите и жителите да го избегнуваат подрачјето“, објави полицијата на Твитер.

Според извештајот на локалниот „Бафало њуз“, напаѓач облечен во панцир и вооружен со пушка убил најмалку 10 луѓе. Уште тројца се повредени.

Гувернерката на Њујорк, Кети Хочул, рече дека „внимателно ја следи“ ситуацијата и дека државата понудила да им помогне на локалните власти.

„Ако сте во Бафало, ве молиме избегнувајте го тоа подрачје и следете ги упатствата на органите за спроведување на законот и локалните власти“, напиша таа на Твитер.

Полициската управа на Бафало допрва треба да соопшти повеќе детали.

извор: Агенција Анадолија (АА).