Дојави за бомби во 100 тина училишта низ Белград – се уште трае безбедносната проверка

0
349

Дури 97 основни училишта во Белград, како и некои средни училишта утринава добиле пријави за бомби, соопшти Министерството за образование. Како што посочуваат, по детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР во поголем број училишта, било утврдено дека пријавите се лажни.

Според соопштението на Министерството за образование, учениците се вратени на настава, а во училиштата каде се уште трае безбедносната проверка, учениците се пратени дома.

На крајот на април, 23 средни училишта и гимназија во Белград добија циркуларна електронска пошта за поставените бомби. Сите извештаи беа лажни.