Католичката црква во САД поради сексуално злоставување ќе плати отштета од 121,5 милиони долари

0
258

Католичката епархија на Ново Мексико, САД, соопшти дека ќе плати повеќе од 120 милиони долари отштета за тужби поврзани со скандали за сексуално злоставување, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Архиепископијата на Санта Фе, една од најстарите црковни организации во САД, се согласила да плати 121,5 милиони долари на 375 тужители за случаите на злоупотреба на деца од страна на свештениците врз основа на „силни докази“.

Скандалозниот случај опфаќа сексуално злоставување врз стотици деца од околу 74 свештеници во цркви и верски училишта во централниот и северниот дел на Њу Мексико.

Се нагласува дека Архиепископијата на Санта Фе поднела барање за затворање во 2018 година за да се заштити од тужби за злоставување кои датираат од пред децении, но не успеа да го избегне плаќањето на отштетата.

Чарлс Паез, претседателот на Комитетот формиран за преживеаните жртви и тужители, рече дека договорот вклучува и непаричен договор со Архиепископијата за создавање јавно достапна архива со документи за историјата на наводите за сексуално злоставување.

Исто така, се нагласува дека Архиепископијата на Санта Фе, која е основана во 1850-тите, во претходните години им платила 52 милиони долари на жртвите на сексуално злоставување.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).