(ФОТО) Македонскиот генијалец Македон, се сретна со претседателот

0
357

Ми претставува особена чест што имав можност да го запознаам Македон Димитриевски. Малиот генијалец фасцинира со своето знаење по математика, како и со говорењето на странски јазици, напиша на својот ФБ профил Претседателот Стево Пендаровски.

Во објавата претседателот додава:

Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата. Да создадеме стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.

Македонија има генијалец, 7 годишниот Македон решава задачи од втора година од средно образование – Донесе златен медал по математика во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет

фото: ФБ Претседател Стево Пендаровски