Почина легендарниот грчки композитор Вангелис – најпознат по музиката за филмот „Огнени коли“

0
302

Вангелис, грчкиот композитор најпознат по музиката за филмот „Огнени коли“, почина на 79-годишна возраст, јави денеска Атинската новинска агенција.

Повикувајќи се на изјава од канцеларијата на неговиот адвокат, АНА објави дека Вангелис починал во вторникот доцна навечер, без да ја наведе причината за смртта, пренесе Ројтерс.

Евангелос Одисеј Папатанасиј, познат како Вангелис, е роден во Волос на 29 март 1943 година и е еден од најпознатите и најзначајните грчки композитори на сите времиња.

извор: Атинската новинска агенција

фото:

The Globe and Mail