Канада не дозволува „Хуавеј“ да учествува во инсталирањето на безжичните 5Г-мрежи

0
278

Канада денеска објави дека им забранила на две кинески фирми – телекомуникацискиот гигант „Хуавеј технолоџис“ и ЗТЕ – да учествуваат во безжичните 5Г-мрежи во земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерот за јавна безбедност, Марко Мендичино и министерот за иновации, наука и индустрија, Франсоа-Филип Шампањ, го соопштија тоа на заедничка прес-конференција.

Мендичино рече дека по долга и внимателна студија, двете кинески фирми биле исклучени од конкуренција во инсталацијата на 5Г-мрежата во Канада.

Мендичино рече дека постои премногу „висок ризик“ во дозволувањето на „Хуавеј“ или ЗТЕ да бидат во новата мрежа.

„[Тоа е] дел од силната стратегија за заштита на нашата национална безбедност“, рече тој.

Кина се обвинува за сајбернапади и упад врз канадската Влада и инфраструктура.

5Г е мобилна мрежа од петта генерација дизајнирана да ги поврзува сите и сè заедно, и како таква се справува со исклучително чувствителни материјали.

Овој потег, исто така, ја доведува Канада во согласност со нејзините сојузници во таканаречениот разузнавачки сојуз „Пет очи“, кој претходно му забрани или го ограничи „Хуавеј“ од каква било улога во воспоставувањето на неговите 5Г-мрежи. Земјите од „Пет очи“ се Австралија, Канада, Нов Зеланд, Велика Британија и САД.

„Оваа [забрана] следува по целосен преглед [и] во согласност со нашите сојузници“, рече Шампањ.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).