Агресивни британски војници уништија инвентар во кафуле во Неготино

0
430

Тројца британски државјани, кои се учесници во воената вежба која периодов се одвива на армискиот полигон Криволак, Неготино, синоќа ги вознемирија граѓаните во центарот на градот со агресивно однесување, објави ,,Фокус”.

Настанот се случи во кафуле на градскиот плоштад, локал кој е омилено збиралиште на тинејџерите од градот, а немилите сцени се одвиваа пред голем број на очевидци.

Како што информираат од СВР Велес за ,,Фокус”, вчера во 22.50 часот британските државјани Џ.Л. (29), Б.С. (24) и Б.Ф. (29), се однесувале агресивно и оштетиле инвентар во угостителски објект во Неготино.

Покрај тоа, Џ.Л. нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Текстот во целост: ,,Фокус”

фото: PRTSC видео ,,Фокус”