Во Белгија задолжителен 21-дневен карантин против мајмунска сипаница

0
342

Белгија стана првата земја што воведе задолжителен 21-дневен карантин против сипаници – бидејќи 14 земји сега го потврдуваат избувнувањето на вирусната болест, а лекарите предупредуваат на „значителен пораст“ на случаите во ОК.

Заразените со вирусот на мајмунска сипаница сега ќе мора да одат во самоизолација три недели, соопштија белгиските здравствени власти, откако беа пријавени три случаи во земјата.

Сите инфекции, од кои првата беше забележана во петокот, се поврзани со фестивалот во пристанишниот град Антверпен.

извор: ТВ 21

фото: Архива