(ВИДЕО) Доцна синоќа тепачка пред куќата на Бојко Борисов поради Македонија

0
422

Повод за демонстрациите е денешната одлука на партијата ГЕРБ да го поддржи францускиот предлог за укинувањето на ветото на Македонија за почеток на преговори со ЕУ.

Европратеникот Ангел Џамбазки заедно со партиските поддржувачи ја блокираа куќата на лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов. Полноќната акција се случила доцна вечерва, но Борисов не се појавил, пишува Flagman.bg, пренесува Новините.бг.

Причина за незадоволството е барањето на ГЕРБ да се поддржи францускиот предлог за Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Како што пренесуваат бугарските медиуми, имало судири и тепачки, но тензиите се намалија откако Џамбазки ги увери дека целта не им е да прават ексцеси. Тој им се обрати на претставниците на ГЕРБ дека се пред важни одлуки и мора да ги бранат бугарските позиции.

„Дојдовме да се сретнеме со човекот кој се двоуми. Сакаме да му кажеме на господинот Борисов и на сите пратеници дека оваа кауза ги надминува сите внатрепартиски препукувања. Не смее да се дозволи национално предавство во наредните денови“, повика Џамбазки.

 

ФБ пост политичка партија ГЕРБ