,,Ами Баги,, распродаден за 18 минути

0
237

Пред неколку дена Ситроен го претстави ами баги, специјална серија на своето електрично возило кое влече корени од интересниот ами баги концепт. Новиот модел стана инстант хит, па целата серија од 50 возила, резервирани за Франција, биле продадени за само 17 минути и 28 секунди.

Купувачите на ами баги преку интернет сајтот на Ситроен на 21 јуни ги испратиле своите нарачки. Според француската компанија, речиси 1.800 луѓе покажале интерес за специјалната серија, но само 50 добиле шанса да ја купат. Вообичаено е да се слушаат вакви приказни за ултраскапи ограничени серии на суперавтомобили, но интересно е што кросовер верзија на мал електричен автомобил е волку популарен.