Милјардер се ожени со својата 29 годишна партнерка

0
324

Милионерот Алан Хауард (59) минатиот викенд се ожени со својата партнерка Керолин Бајрон (33) во една од најелитните вили на италијанското езеро Комо.

Дејли мејл пишува дека на езерото се собрале британски и светски елити. Двојката се подготвувала за обновување на заветите на отворено под раскошно украсена цветна арбора, во градините на Вила Олмо од 18 век. Невестата облекла бела венчаница со долг превез, а младоженецот сино одело. Младенците на венчавката ги забавувала Лејди Гага.

Инаку, парот граѓански се венчал во 2020 година, но прославата била одложена поради пандемијата. Заедно имаат едногодишна ќерка. Керолин е многу позната готвачка за бесглутенска храна.

Хауард бил прогласен за еден од највлијателните луѓе во инвестицискиот бизнис од Форбс во 2013 година, а една година подоцна е рангиран на 53-то место на најбогатите во Британија. Тој и неговата прва сопруга Сабина имаат четири деца, а се развеле во 2015 година.

 

kanal5.com