Во пресрет на сезоната Албанија ги набави првите тестови за мајмунски сипаници

0
382

Поради туристичката сезона, кога е зголемено движењето на граѓаните, а со тоа можноста да се пренесе зараза со мајмунски сипаници и во земјата, Албанија ги набави првите тестови за оваа болест.

Според Институтот за јавно здравје, ако сè уште нема потврден случај на мајмунска сипаница, обезбедени се првите 250 тестови, со кои ќе се дијагностицира сипаница во лабораторијата на Институтот.

– Во оваа лабораторија ќе можеме да ги тестираме сомнителните случаи и нивните контакти, без да ги испраќаме во референтните лаборатории, изјави министерка за здравство и социјална заштита Огерта Манастирлиу, .

Албанија и понатаму е земја со низок ризик за појава на зараза со мајмунски сипаници, велат експертите од Институтот за јавно здравје, додека европските земји се во состојба на готовност бидејќи се пријавени повеќе од 1.700 случаи.

 

nezavisen.mk