Првиот крипто бар во Македонија – South Side Cocktail Bar

0
264

South Side Cocktail Bar е прв и единствен крипто коктел бар во Македонија, сместен во срцето на Струмица и место коешто има за цел да ја промовира крипто културата во Македонија и да ги едуцира луѓето за можностите што ги носи крипто светот.

„Крипто валутите сè уште се табу тема во Македонија. Затоа, решивме да направиме место каде што ќе може да се конектираме со истомисленици и да споделуваме информации за крипто светот додека пиеме уникатни коктели. Ова е локацијата кадешто ќе ги добиеш одговорите на сите прашања поврзани со крипто валути”, вели Нена Панова, ко-основач и менаџер на компанијата Crypto Dive In.

Како дел од новото мени на South Side, ќе може да ги пробате првите коктели инспирирани од крипто валутите и крипто светот.  Уникатноста на пијачките, стилот, опуштената атмосфера и позитивните луѓе што се наши редовни посетители, го прават коктел барот must-visit локација за секој што ќе ја посети Струмица.

Од компанијата велат дека поради големиот интерес, во план е во рамки на коктел барот, да се организираат обуки, работилници и презентации на крипто проекти за инвестирање. Во иднина ќе ја има и можноста да се плаќа за коктел во крипто валути.

 

екран.мк