Утре Ламбе ќе биде гостин на музичкиот хепенинг во Гази Баба, најави градоначалникот Стефковски

0
275

Утре со почеток во 19:00 часот на плоштадот во Автокоманда, општина Гази Баба организира музучки хепенинг под мотото “Семејството столб на општеството – Децата иднина на светот”.

На музичкиот хепенинг ќе настапи група од детскиот фестивал „Поточиња“, а за дечињата е подготвено дружење со омилените ликови од цртаните филмови, како и кловнови и други детски аниматори.

Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на официјалната страна на фејсбук најави дека естрадниот уметник Ламбе Алабаковски ќе биде гостин на музичкиот хепенинг.

макфакс.мк