Владата го разреши досегашниот директор на затворот Идризово, на негово место именуван Шпенд Тахири

0
279

На денешната седница Владата го разреши досегашниот директор на затворот Идризово.

Реџеп Реџепи беше на функција како кадар на партијата Алтернатива откако таа му се приклучи на парламентарното мнозинство.

Од Владата на соопштуваат зошто е разрешен и дали евентуално тоа има врска со неодамнешните полициски претреси во затворот.

Неофицијално, главна причина е токму тоа, односно фактот дека во затворот беа пронајдени дрога, ножеви и мобилни телефони.

На местото на Реџепи, именуван е Шпенд Тахири, исто така кадар на Алтернатива.

фото: Архива