„Пари“ – Три од 5 те енергетски компании што учествуваат во креирање на цената на струјата се во загуба, колку ќе биде новото поскапување?

0
285

Отчукува часовникот до објавувањето на новата цена на струјата. Но, овој пат, освен евтината и скапа тарифа за домаќинствата, ќе има и блок тарифи според кои тие што помалку трошат ќе плаќаат и пониски цени за киловат-час, а оние што се поголеми „трошаџии“ ќе плаќаат по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика попушти под притисокот на јавноста, вклучувајќи ја и експертската, која негодуваше на опфатот на блок-тарифите, со образложени дека и оние со просечна потрошувачка ќе влезат во поскапа тарифа. Конечната верзија е дека од 1 јули ќе има 4 тарифи, кои ќе важат само во високата тарифа, додека во ниската тарифа, позната како евтина, која е од 22 часот до 7 часот, како и цел ден во недела, нема блок тарифи. Првата блок тарифа е до 210 киловати потрошени во високата тарифа за 30 дена, втората блок тарифа е до 630 киловати, а третата до 1.050 киловати. Но во која тарифа, каква цена ќе има, како што велат од Регулаторната комисија за енергетииа, мора да се почека официјалниот ценовник кој ќе биде објавен денеска.

Каква ќе биде цената струјата, зависи од кондицијата на енергетските капацитети. Засега се знае дека ЕСМ на тендер ја понуди струјата по цена од 48 евра за мегават-час, за покривање на 100 проценти од потребите на универзалниот снабдувач „ЕВН хоум“ кој со струја ги снабдува домаќинствата и малите потрошувачи. Оваа цена ќе важи од 1 јули до 31 декември, и таа е повисока за 17 проценти од цената во првото полугодие од годинава. Во креирањето на цената на електричната енергија, најголемо учество, од околу 40 отсто, има домашното производство на струјата кое е во надлежност на Елактрани на Северна Македонија (ЕСМ).  Во формирањето на крајната цена влегуваат и трошоците на „ЕВН хоум“ и “Електродистрибуција“ – фирми од групацијата  „ЕВН Македонија“, како и на државните компании – Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО) и Македонски електропреносен систем оператор (МЕПСО).

Порталот „Пари“ во соработка со БизнисМрежа.мк, анализираше какви резултати испорачале овие компнии во текот на минатата година.

Линк до целата анализа: https://pari.com.mk/nova-cena-na-strujata-energetski-kompanii/