Џафери за инцидентот во Собрание – „Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ беа тие што го испровоцираа“

0
200

Претседателот на Собранието, Талат Џафери го осудува инцидентот што се случи на Комисијата за европски прашања, но тој смета дека не може да се осуди претседателот на Комисијата, Арбер Адеми бидејќи, како што вели, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ биле тие кои го испровоцирале инцидентот.

„Треба да се гледа целата слика и до тоа немаше да дојде доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си седеа на своите места“, вели Џафери.

извор: ТВ 21