Вучиќ: Ова е најострата конференција што сум ја одржал -се им кажав во лице

0
366

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ѝ се обрати на јавноста по повод новите одлуки на Приштина, јавуваат српските медиуми.

Одлуките се однесуваат на забраната за српските лични карти, како и укинувањето на важењето на регистарски ознаки со српските имиња на градовите, со најава дека по тој рок тие возила ќе бидат одземани.

Српскиот претседател кажа дека кога се зборува за Украина сите гласно зборуваат за територијалниот интегритет, а кога ќе се спомне Резолуцијата 1244 на Обединетите нации сите гледаат на страна како да не разбираат за што се зборува.

„Со таа Резолуција се предвидува и враќање на српските сили на Косово. А сега прашувам кога ќе биде тоа. Ова се случува затоа што се арогантни, а ние немаме ни нуклеарно оружје ни нафта, па можат да ни прават што сакаат. Нашиот народ, разговарав со претставниците на Српска листа, нема повеќе тоа да го трпат. Нема да ги трпат упадите на нивните единици. Дадоа рок, и Приштина планира општ напад на северот на Косово на 1 октомври, и тоа народот треба да го знае“, кажа Вучиќ.

Заклучи дека „никој ништо не нуди“.

„Бараат меѓу Србите кој ќе оди против својот народ на Косово и Метохија. Нашиот одговор ќе биде трезвен, но убиствен и правичен. Ние нема да преземаме воени акции, но ги молам да не го одземаат имотот на нашиот народ и да не се обидуваат да ги протераат. Ги молиме тие моќните и силните. И верувам дека имаат доволно време до 30 септември три пати да размислат дали ќе го направат тоа или не“, кажа српскиот претседател.

МИА