Чешка од Франција го презеде претседавањето со Европската Унија

0
435

Чешка денес (1 јули) од Франција го презеде претседавањето со Европската Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).

Чешка го презема ротирачкото шестмесечно претседавање со Европската Унија, а нејзиното мото е „Европа е задача“.

Оваа држава од централна Европа со околу 10,5 милиони жители, членка на ЕУ од 2004 година, порача дека во текот на своето претседавање главно ќе се фокусира на помошта кон Украина, соочена со војна која кон крајот на февруари ја започна Русија, како и на последиците од војната.

Од почетокот на руската инвазија Чешка прими околу 350.000 украински бегалци и пружи значајна финансиска и воена помош на Киев.

Во рамките на ЕУ, Чешка, исто така е гласен поддржувач на санкциите против Русија.

Чешка сака да помогне во справувањето со бегалската криза, да иницира напори за обнова по војната, да ја зајакне енергетската безбедност, одбранбените капацитети и економската отпорност на ЕУ и да ја подобри отпорноста на нејзините демократски институции.

Исто така, ќе се посвети на прашања како што се зелената трансформација, дигитализацијата, кибербезбедноста и безбедноста на вселената.

По повод преземањето на претседавањето со ЕУ, во Прага, главниот град на Чешка, одржана е пригодна културна програма и парада со огромни светлечки кукли.

Чешка за првпат претседаваше со ЕУ во првата половина на 2009 година.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).