Венеција ќе воведе такси и регистрација за еднодневни посети

0
281

Почнувајќи од јануари, Венеција ќе воведе задолжителна резервација и такса за сите посетители кои доаѓаа на еден ден во градот. Новите правила за еднодневните посетители стапуваат на сила на 16 јануари 2023 година, објавија денеска градските власти.

Туристите кои ќе изберат да не преноќат во хотели или други сместувачки капацитети, ќе мора да се пријават онлајн за денот кога планираат да дојдат и да платат такса која ќе се движи од 3 до 10 евра по лице, во зависност од претходна резервација и дали е шпицот на сезоната или градот е преполн.

Прекршителите ризикуваат казни до 300 евра доколку не го сторат тоа, а бидат пресретнати во градот без да можат да дадат доказ дека резервирале и платиле со QR-код.

 

Радио Слободна Европа