Поранешна пратеничка на СДСМ со поддршка за протестот: Оваа лакрдија го повредува моето право на самосвест за национална припадност, нема да молчам

0
521

Поранешни видни членови на СДСМ изразуваат поддршка за протестот против францускиот предлог што ќе се одржи вечерва во 19 часот пред зградата на владата.

Членката на комисијата за борба против дискриминација и поранешна пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска, на социјалните мрежи порача дека ќе излезе на протестот за да изрази протест против, како што истакнува, лакрдијата што го повредува нејзиното лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, нејзиниот мајчин јазик и историјата на нејзиниот народ, со коишто се гордее.

Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив, до крај.

Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект.

Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам Јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот.

И никој нема право да ми го спори моето право – порача Бендевска.

фото: Република