Голем шумски пожар во Хрватска

0
397

Голем шумски пожар во месноста Рајиќ кај Новска, а го гаснат 40 припадници на локалните противпожарни бригади, јавија денеска хрватските медиуми.

Распореден е и хеликоптер со MTV Mi8 апарат за гаснење, известија од Хрватската противпожарна бригада, пренесува Index.hr.

На терен се 40 пожарникари со 12 противпожарни возила, а во гаснењето учествуваат и припадници на Шумската служба.

извор: Index.hr