Ни трага ни глас од Бранко Црвенковски во овие одлучувачки моменти за државава

0
322

Масовен протест против новиот француски предлог за решавање на спорот меѓу Македонија и Бугарија се одржа вчера вечер во центарот на градот.

На протестот можеа да се забележат голем број политичари, професори, кои излегоа јасно да кажат „не“ за новиот предлог, тврдејќи дека во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени во однос на претходниот предлог.

Актуелниот премиер Димитар Ковачевски од Брисел првично кажа гласно „Не“ за првичната верзија, но сега лека полека од владата излегуваат позитивни сигнали, тврдејќи дека новата верзија не го задира македонскиот јазик, што не значи дека Бугарите треба да бидат изоставени од Уставот.

Тоа што изненадува, а што многу ретко се случува е што на овој протест беше присутен и поранешиот претседател на државата од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов, кој со својот син излезе на протест против фрацускиот предлог.

Тој е еден од оние поранешни политичари, кои никогаш не одговараат на новинарски прашања поврзани со актуелната состојба во државата. Па, затоа изненади што вчера се појави јавно на протестот. Иванов, како и по традиција не одговори на прашања на „Фокус“ поврзани со неговиот став за францускиот предлог.

Сепак, ни под дрво, ни под камен не може да се слушне и да се види и екс премиерот и претседател на државата, Бранко Црвенковски, кој лани во септември „распали“  на свечениот собир на МАНУ.

Текстот во целост на fokus.mk