Пендаровски за пцовката од Апасиев: Таков јавен став може да искаже човек кој или е ушмркан, или му фали нешто во главата

0
378

Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес конференција одговараќи на новинарско прашање кое се однесуваше на пцовката која му ја упати лидерот на Левица Димитар Апасиев истакна:

-Мислам дека е крајно нечовечки, пцовката сама по себе, а особено да пцуеш гроб на почината мајка, тоа е нешто што не се простува. Таков јавен став може да искаже човек кој или е ушмркан, или му фали нешто во главата. Јас стварно мислам дека тој психопат, не е со сите штом може вакви работи да постира на социјални мрежи. Тоа е изјава без преседан во современа Европа. Тој немаше храброст да ми го каже таа пцовка во очи, него се криеше во некој подрум и зад некоја тастатура и праќаше пораки. Од друга страна што да очекуваш од една таква гнида од човек? Да ти дојде и да ти каже во очи? Бидејќи знае кои се консеквенците. Не само јас, туку било кој нормален човек таква пцовка не би му простил. И знае што ќе добие во таква ситуација. Преку глава ми е од такви фејсбук патриоти, изјави претседателот Стево Пендаровски.

фото: PRTSC