Заев со статус за францускиот предлог: Добивме идентитетска победа

0
300

Најважното прашање, македонскиот јазик и македонскиот иденититет се осигурани во преговарачката рамка и со тоа признаени и прифатени од ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно, порача синоќа поранешниот премиер Зоран Заев.

Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. Градењето добри и пријателски односи со соседите е суштински важно за мирот, стабилноста и просперитетот на еден регион како што е Западен Балкан. Затоа, и ние од македонската страна и колегите од бугарската страна, заедно мораме да работиме да ги затвориме отворените прашања“, истакна Заев во објавата на Фејсбук.

Поранешниот премиер нагласи дека притоа многу е важно целосно да се сочува националното достоинство на двете страни во разговорите.

„Пријателството се создава и гради кога две страни водат меѓусебно грижа еден за друг при решавање на отворените прашања. Македонската страна има политичари за кои сум сигурен дека ќе преземат гаранции и обврски низ тие разговори во иднина целосно достоинствено и конструктивно да ги застапуваат нашите национални интереси.

 

фб статус