По пријава за семејно насилство уапсен поранешен охридски политичар

0
397

Полицијата уапси едно лице кое било пријавено од сопругата дека вршел насилство врз неа во нивниот дом. Лицето физички ја нападнало сопругата, која ја повикала полицијата и барала да биде заштитена од насилникот.

Во моментот кога дошла полицијата, насилникот се дал во бегство, по што по околу два часа бегање полицијата го пронашла и го привела.

Неофицијално се работи за лице кое во минатото било политички активно и добро е познато на јавноста.

Инаку и претходно ова лице имало проблеми со законот и против него се поднесувани пријави за кроистење зелени тревкасни опојни материи, како и за предизвикување општа опасност.

извор: Охрид 1