Во Измир запленета статуа стара 11.500 години

0
204

Во акција насочена против криумчарење на антиквитети, организирана во турскиот град Измир, запленета е статуа од периодот на 9.500 година пред новата ера, јавува Агенција Анадолија (АА).

Полициската управа во Измир соопшти дека тимови на Службата за борба против криумчарење утврдиле дека шверцери од Мардин ќе го донесат антиквитетот во Измир.

Во организирана акција е одземена статуата висока 70 сантиметри и широка 30 сантиметри, за која се проценува дека потекнува од праисторискиот период, односно од периодот на 9.500 години пред новата ера.

Статуата има слични карактеристики како оние пронајдени за време на археолошките ископувања во други делови на земјата, вклучувајќи го и популарниот локалитет Ѓобеклитепе.

Статуата е предадена на Дирекцијата за музеи во Измир, а три лица се приведени.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).