Пет причини зошто Тајван ги затегна дипломатски односи меѓу САД и Кина

0
304

Островот Тајван себеси се смета за независна држава. НР Кина го смета за отцепена територија која треба да се припои кон копнениот дел. САД го почитува принципот на „Една Кина”, но преку специјален закон можат да му продаваат оружје на Тајван.

Тајван има свој Устав, активни вооружени сили, политички лидери, судска власт и дипломатски односи со петнаесетина држави, но формално нема прогласено независност.

Историјата на територијата на Тајван датира десетина илјади години наназад, уште од првите цивилизации. Овој остров бил место на повеќе војни и револуции. По првата кинеско-јапонска војна во 1895 година, актуелната династија Чинг како поразена страна била принудена да го отстапи Тајван на Јапонија.

По Втората светска војна во 1945 година Јапонија била на поразената страна, а Кина под водство на Куомитанг ја презела контролата над Тајван со дозвола на сојузниците.

Сепак граѓанската војна во Кина која почнала во 1945 и траела до 1949 година довела до нова комунистичка власт и принудна управа под водство на Чанг Кај Шек, додека власта на Куомитанг била принудена да побегне на Тајван. Од островот припадниците на Куомитанг се подготвувале за нова борба во копнениот дел. Додека пак новата влада на Народна Република Кина под водство на Мао Це Тунг имала намера да го ослободи Тајван.

Од тогаш всушност започнуваат заладените односи на Тајпеј и Пекинг, а ова се само дел од причините.

Отцепена територија или одделна држава?

Тајван се смета себеси за одделна држава. Додека Народна Република Кина го смета за отцепена територија. Тајван кој себеси се нарекува Република Кина и Народна Република Кина имаат две одделни влади. Ставот на Народна Република Кина е дека Тајван е нејзино внатрешно прашање исто како Хонг Конг, кој како дел од Народна Република Кина доби одреден степен на автономија.

Независноста би значела војна

Сепак властите во Тајпеј сметаат дека Народна Република Кина мора да ја почитува волјата на граѓаните на Тајван. Властите во Народна Република Кина неколкупати истакнуваа дека прогласување независност на Тајван би значело војна.

Економски бум на Тајван

Брзорастечката економија и економските релации со многу држави му помогнаа на Тајван за подобро меѓународно позиционирање.

Политика на „Една Кина“

Денес САД го почитуваат принципот на две влади, а еден систем односно политиката на „Една Кина”. САД немаат дипломатски односи со Тајван туку со Народна Република Кина, но имаат посебен закон за Тајван во кој е наведено дека САД би обезбедиле средства за негова одбрана. Односно, според овој закон САД можат да му продаваат оружје на Тајван.

Со договорот за „Една Кина” САД признаваат дека постои една кинеска влада. Сепак ставот на Народна Република Кина е дека Тајван е нејзина територија која привремено е отцепена и во иднина повторно ќе се обедини со копнениот дел.

САД воспоставија дипломатски односи со Кина во 1979 година. Претходно ја затворија амбасадата во Тајван.

Посетата на Гингрич во 1977 година, преку Токио до Тајпеј

Посетите на американските претставници на Тајван предизвикуваат револт кај Народна Република Кина поради тоа што Пекинг ова го смета за нарушување на принципот „Една Кина”.

Посетата на претседателката на американскиот Конгрес е прва посета на американски претставник на Тајван во последните 25 години. Претходно во 1997 година го посети Њут Гингрич, тогаш претседател на Претставничкиот дом на САД од редот на Републиканската партија.

Условот на НР Кина кој тогаш мораше да го испочитува Гингрич беше да не полета од Пекинг за Тајпеј. Тој отпатува во Токио од каде пото замина за Пекинг.

 

macedonian/trtbalkan.com