Автобус кој се движел кон Загреб излетал од автопатот во Хрватска, има загинати патници

0
227

Најмалку две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во Хрватска.

Полициската управа на Вараждин соопшти дека автобусот со полски регистерски таблички во 5 часот и 40 минути излетал од патот на автопатот А4 во правец кон Загреб.

Несреќата се случила меѓу Јарек Бишашки и Подворец. Вечерњи лист објави дека загинале неколку лица, како и дека голем број патници се тешко повредени.

Полицијата и пожарникарите се на терен, а сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

За среќа, повеќето од 40-те повредени се со полесни повреди, а неколку лица се пренесени во болница.

 

faktor.mk