Пирс Броснан објави фотографија од венчавката со порака: „Кили, би можел да го направам тоа одново…“

0
453

Поранешниот Џејмс Бонд, Пирс Броснан (69) и неговата сопруга Кили Шеј Смит (58) ја прославија 21-годишнината од бракот.

На социјалната мрежа актерот покажа фотографија од својата венчавка во 2021 година и со убави зборови и ја честиташе годишнината на сопругата.

– Среќна годишнина на мојата љубов Кили, танцувавме таа вечер и сè уште го танцуваме тој танц. Би можел да го направам тоа одново – напиша Броснан.

Кили ја сподели истата фотографија на нејзиниот Инстаграм профил, пишувајќи „Среќна годишнина на мојата љубов“.

 

24sata.hr