Избоден затвореник во „Идризово“, се бори за живот во болница

0
237

Американски државјанин со потекло од Струга бил избоден во затворот „Идризово“ во Скопје, објави makfax.com.mk. Според информациите, станува збор за 36-годишно лице кое издржувало казна поради пресуда за недозволена трговија со дрога.

Тој, бил прободен од друг затвореник, а во болница завршил со две рани. Затвореникот се бори за живот во комплексот клиники во Скопје.

извор: makfax.com.mk

Фото: Архива