Лично Симеон Сакскобурготски, син на цар Борис Трети дал согласност за отворање на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид

0
340

Лично Симеон Сакскобурготски, син на цар Борис Трети и поранешен премиер на Бугарија, дал согласност за отворање на Здружението „Цар Борис Трети“ во Охрид, објави порталот 360 степени, кој објави факсимил од изјавата на Симеон.

Согласноста од Сакскобурготски е дел од документацијата на Здружението при регистрацијата во Централниот регистар. Во неговата писмена согласност, тој дозволува охридското здружение да го носи името на неговиот татко.

Неговата изјава била адресирана до Томе Блажески, кој потоа станал претседател на Здружението „Цар Борис Трети“.

извор: 360 степени