(ВИДЕО) Масакр во Цетиње: 11 мртви во масовно пукање. Напаѓачот е убиен од полицијата

0
331

Во ужасниот масакр на Цетиње во Црна Гора во петокот загинаа 11 лица, меѓу кои и напаѓачот (34), потврди Побједа.

 

Се започна како семеен конфликт, а медиумите пишуваат дека убиениот напаѓач е Вук Бориловиќ (34).

Шест лица се ранети, меѓу кои и еден полицаец. Мажот наводно пукал и во децата.

ПорталАналитика пишува дека блокирал амбулантно возило кое се обидувало да му помогне на еден од повредените.

Се започнало како семеен конфликт околу 16 часот во населбата Медовина, по што напаѓачот пукал и во случајни минувачи.

 

Полицијата веднаш реагирала и се обидела да го совлада, но тој не се предал и пукал во полицајците.

 

Потоа испукале неколку истрели, а напаѓачот бил убиен.

 

24sata.hr