Прогласена суша во делови на Велика Британија

0
152

Официјално е прогласена суша во делови на Велика Британија откако зголемените температури и минималните врнежи доведоа до сѐ посушни услови, јавува Агенција Анадолија (АА).

Погодените области на земјата се главно на југ, во централна и источна Англија.

Националната група за суша на Агенцијата за животна средина (EA) објави дека ќе има ограничувања за комерцијалната употреба на вода во погодените области.

„Со типична градација на врнежите од северозапад (повлажно) со југоисток (посуво), најверојатно нема силни сигнали за значајно подобрување на сегашните сушни услови“, се истакнува од Агенцијата.

Ова следува откако Велика Британија се соочи со вториот топлотен бран во текот на август, по првото соборување на рекордот во јули. Топлотниот бран во август, сепак, се очекува да трае подолго со пролонгирано суво време и минимални врнежи од дожд.

Низ Велика Британија, реките и акумулациите со вода пресушија, резервоари со вода се испратени во голем број мали села. Сувото време, исто така доведе до зголемување на бројот на шумски пожари кои ги оптоварија противпожарните служби и ги загрозија граѓаните.

Има три фази на суша – жолтата фаза кога топлината влијание на дивиот свет и растенијата, килибарната фаза кога залихите на вода и земјоделските производи се оптоварени и црвената фаза со широкораспространета долгорочна штета на животната околина, ширење шумски пожари и недостиг во снабдувањето со вода за пиење.

Последните суши беа прогласени во 2018 до 2011 година.

 

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).