Пожар во црква во Египет за време на миса, настрадаа 40 лица

0
267

Најмалку 40 лица загинаа, а 45 се повредени денеска во пожар во коптска црква во египетскиот град Гиза, изјавија за Ројтерс два безбедносни извори.

Пожарот во коптската црква Абу Сифин во областа Имбаби започна на електрични инсталации. На мисата во тој момент имало 5.000 луѓе, велат изворите. Пожарот го блокирал влезот во црквата, што предизвикало стампедо, велат тие и додаваат дека повеќето од загинатите се деца.

 

„Луѓето се собраа на третиот и четвртиот кат и видовме чад што доаѓа од вториот кат. Луѓето набрзина се спуштаа по скалите и почнаа да се паѓаат еден преку друг“, рече Јасир Мунир, еден од присутните верници.

 

„Потоа слушнавме експлозија и видовме искри и оган како излегуваат од прозорецот“, рече тој, додавајќи дека тој и неговата ќерка биле на приземје и успеале да избегаат. Гиза, вториот по големина град во Египет, се наоѓа недалеку од Каиро.

 

index.hr