Во Туркије откопана римска фонтана стара 2.200 години

0
287

Во северозападна Туркије се откриени остатоци од римска фонтана стара 2.200 години, објавија денес археолозите од античкиот локалитет Асос, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Според нашите првични наоди, дознавме дека станува збор за прекрасна градба на фонтана. Знаеме за многу цистерни во Асос, но ова е прв пат да наидеме на монументална структура на фонтана“, изјави за АА шефот на ископувањето на локацијата, Нуретин Арслан.

„Тоа е многу важна структура во однос на урбаната архитектура“, рече Аслан, кој исто така е професор на Универзитетот „Онсекиз Март“ во областа Чанаккале, каде што се наоѓаат урнатините.

Истакнувајќи дека ископувањата во Асос продолжуваат непрекинато 42 години, тој рече дека сегашниот тим од 30 лица, вклучувајќи научници и академици од Германија, планира оваа сезона да откопа повеќе цистерни додадени на гимназијата на античкиот град.

„Фонтаната што ја откриле била пред овие цистерни од римската ера“, објасни археологот и додаде дека таа била сериозно оштетена во византискиот период.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).