Направи лом на свадбата, Лила заигра со свекрвата

0
359

Лила Филиповска на Инстаграм сподели неколку снимки и фотографии од една свадба на која беше гостинка.

Познатата водителка кога се појави на овој настан привлече големо внимание, а за оваа посебна пригода избра креација од Елена Лука во која блескаше.

Лила во ова издание се појави на свадбата на другар на нејзиниот син Филип со кого се дружи уште од градинка. Неговото име е Ален и тој е син на Васка Јанковска, жената која што го испеа хитот Едерлези (Ѓурѓовден) во култниот филм на Емир Кустурица, „Дом за бесење“.

Филиповска на свадбата дојде поприлично расположена и цело време не ја тргаше насмевката од лицето, а друштво и правеше нејзиниот колега и асистемнт, Спасе Јовановски, како и нејзиниот син Филип.

Таа на социјалните мрежи објави серија фотографии и снимки од кои можевме да видиме како ги крена сите на нозе кога заигра заедно со невестата која блескаше во преубавата венчаница што ја носеше.

 

glamur.mk