Тунелите од снег во Туркије привлекуваат голем број посетители

0
290

Хусеин Фирез (57) ги поминуваа летните месеци со стадо кози во областа Јахјали, во Кајсери, и доброволно е водич на оние кои сакаат да ги видат тунелите од снег во долината Аксу, јавува Агенција Анадолија (АА).

Снежните наноси што во зимскиот период од планината Аладаглар се спуштаат во долината Аксу, со пристигнувањето на топлото време формираат тунели чија должина изнесува помеѓу 50 и 450 метри.

Оние кои сакаат да го видат овој природен феномен околу два часа патуваат со возило од областа Јахјали, а потоа пешачат четири часа до местото.

Хусеин Фирез и неговото семејство престојуваат во шатор на влезот во долината и водичи се на оние кои сакаат да ги видат тунелите.

Фирез речиси 50 години го поминува времето на планина, а за АА изјави дека многу домашни и странски туристи доаѓаат да ги видат тунелите од снег.

„Оние кои сакаат да ги видат тунелите доаѓаат до нашиот шатор. Им нудиме чај и ајран. Нудиме и јадење на оние кои се гладни. Ние не го правиме тоа за пари, туку од хуманост. Оние кои сакаат да ги видат тунелите ги носиме во обиколка“, кажа Фирез.

Текстот во целост на: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).