Реонските шумочувари секојдневно во борба со бесправната сеча

0
295
Шумочуварската служба од Подружницата Плачковица од Радовиш во кординација и со асистенција на припадници од МВР и Шумската полиција, секојдневно активни на терен. И во време кога е се уште во сила делумната забрана за движење во шума, сведоци сме на безброј незаконски дејствија во шума. Одземени се две моторни возила, а бесправно посечената дрвна маса од дабово огревно дрво е одземена и префрлена во складот на Подружницата, а против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Јавното претпријатие Национални шуми ПОВТОРНО АПЕЛИРА да ги сочуваме нашите шуми за идните генерации.